Wednesday, March 27, 2013
Штитна жлезда
Штитната жлезда или тироидеа е ендокрина жлезда која е сместена непосредно под гркланот од двете страни на душникот. Има форма на штит. Се состои од два лобуса (лев и десен) кои се споени со еден потесен жлездест дел, наречен истмус. Штитната жлезда е тешка од 30 до 60 г. Тироидното ткиво го сочинуваат бројни тироидни фоликули кои се исполнети со белковидни маса (колоид), каде што се акумулираат тироидните хормони. Фоликулите се обложени со жлездести клетки тиреоцити
Хормони од штитната
жлезда
Во штитната жлезда се
синтетизираат два основни хормони: тироксин и тријодтиронин. За
нивната синтеза се потребни големи количества на јод
Клинички синдроми на нарушена тироидна функција
Постојат два клинички
синдроми на нарушена тироидна функција,и тоа синдром на хиперфункција или
хипертиреоидизам или синдром на тироидна хипофункција или хипотиреоидизам.Овие
состојби се дијаметрално спротивни симптоми кои се поднесуваат еднакво тешко од
пациентите,а се должат на наголемената,односно намалената функција на тироидни
хормони..Симптомите и знаците кои се должат на тироидното заболување
понекогаш можат да бидат толку суптилни и појавувајќи се бавно и тивко можат
долго да останат незабележани.Особено таква карактеристика има хипофункцијата
кој обично пациентите долго го толерираат толку добро што мислат дека се
нормална појава.Од друга страна можат да се јавуваат брзо,бурно и да
предизвикуваат сериозен немир кај пациентите,така што тој веднаш се јавува на
лекар.
Тиреоидеата и нејзините ефекти врз метаболизмот и телесната тежина
Нарушената функција на
тироидеата најчесто води до
сериозно нарушување на
на метаболизмот чиј степен на нарушување ќе корелира со концентрацијата
на тироидните хормони,односно тогаш ќе постои хипотироидизам со намалени Т3 и
Т4 кај пациентите дефинитивно ќе постои хипометаболна состојба.Додека
хипертироидизмот подразбира високи концентрации на тироидни
хормони,предизвикувајќи хиперметаболна состојба.Ова нарушување на метаболизмот
пациентот ќе го доживее како нагло дебелеење,дури и тогаш кога пациентот не
јаде премногу или нема преголема желба за храна,што е главен симптом за
намалена тироидна функција,или пак пациентот може премногу да слабее или
буквално се топи,губејќи двоцифрен број на килограми за многу кратко време иако
јаде како никогаш дотогаш што е една од клучните знаци на зголемена тироидна
функција
Ефекти врз нервниот систем
Тироидната дисфункција
го менува и психичкиот живот на пациентот,правејќи го многу
чувствителен,плачлив,депресивен и апатичен со забавен говор и мислење кај
хипотиреоидизмот:вознемиреност,напливи на нервоза,избувливост,тремор и
зголемена ексципитабилност кај хипертироидизмот.
Изглед на пациентот
Хипотиреоидизмот но и
хипертироидизмот подеднакво имаат ефект врз изгледот на пациентот,понекогаш
правејќи го неприфатлив за околината.
Луѓето со
хипотиреоидизам се премногу дебели со бледожолтеникава пребоеност на
кожата и со отоци по целото тело но најмногу во пределот на долните
екстремитети и лицето односно околу очите.Кожата им е сува и рапава.
Оние пак со
хипертироидизам се премногу слаби,а воедно се јавува и типичен знак за
хипертироидизам,односно испакнување на очните јаболка нанадвор што е
познато како егзофталмус.Овие личности премногу се потат и нивните дланки се
премногу влажни
Гушавост
Гушавоста се појавува кога штитната жлезда лачи премногу
(хипертиреоза) или премалку (хипотиреоза) хормон тироксин. Ова нарушување се
јавува кога хипофизата ќе предизвика зголемување на штитната жлезда за да се
зголеми лачењето на тироксин. Сепак, најчеста причина за гушавоста е недостигот
на јод, основна состојка за создавање тироксин...За да го надомести недостигот,
штитната жлезда почнува да расте. Некогаш малото зголемување е доволно за да се
исправи нарушувањето, но, ако гушата го отежнува нормалното дишење, мора да се
лекува или да се отстрани.
Друг вид зголемување на штитната жлезда е повремената или ендемска
гушавост, а се појавува кога храната содржи премногу соја, шведска репка,
зелка, круши, кикиритки и спанаќ. Овие производи го отежнуваат создавањето
тироксин со тоа што ја ослабуваат способноста на штитната жлезда да го
апсорбира јодот. Лековите како пропилтиоурацил и фенолбутазон и лековите на
база на јод може да го имаат истото дејство.
Гушата може да биде доволно голема за да се види и почувствува со
допир, а може да остане и неоткриена се до рутинскиот лекарски преглед. Во
секој случај, прва задача на лекарот е да утврди дали гушата е симптом на некое
потешко нарушување на штитната жлезда. Тестот за собирање радио-јод во штитната
жлезда ќе го утврди количеството што таа може да го апсорбира во одреден
временски период. Засилената апсорпција на јод може да укажува на хипертиреоза,
намалените вредности укажуваат на хипотиреоза. Анализите на крвта, исто така,
може да укажат на неправилност во работата на штитната жлезда.ПричинителиНа
штитната жлезда, сместена во долниот дел на вратот, и треба јод за да ги
произведе потребните количества на исклучително важниот хормон. Ако со храната
не внесувате доволно количество јод, жлездата почнува да расте за да ја исполни
својата функција. Зголемената жлезда која ја нарекуваме гуша може да биде
непријатна или претерано активна, па во тој случај мора да се отстрани со
хируршки зафат.
Алтернативни начини на лекување
Со алтернативните начини на лекување на гушавоста се поттикнува производството на тироксин и враќањето на изгубената хемиска рамнотежа на организмот.
Subscribe to:
Posts (Atom)