Гушавоста се појавува кога штитната жлезда лачи премногу
(хипертиреоза) или премалку (хипотиреоза) хормон тироксин. Ова нарушување се
јавува кога хипофизата ќе предизвика зголемување на штитната жлезда за да се
зголеми лачењето на тироксин. Сепак, најчеста причина за гушавоста е недостигот
на јод, основна состојка за создавање тироксин...За да го надомести недостигот,
штитната жлезда почнува да расте. Некогаш малото зголемување е доволно за да се
исправи нарушувањето, но, ако гушата го отежнува нормалното дишење, мора да се
лекува или да се отстрани.
Друг вид зголемување на штитната жлезда е повремената или ендемска
гушавост, а се појавува кога храната содржи премногу соја, шведска репка,
зелка, круши, кикиритки и спанаќ. Овие производи го отежнуваат создавањето
тироксин со тоа што ја ослабуваат способноста на штитната жлезда да го
апсорбира јодот. Лековите како пропилтиоурацил и фенолбутазон и лековите на
база на јод може да го имаат истото дејство.
Гушата може да биде доволно голема за да се види и почувствува со
допир, а може да остане и неоткриена се до рутинскиот лекарски преглед. Во
секој случај, прва задача на лекарот е да утврди дали гушата е симптом на некое
потешко нарушување на штитната жлезда. Тестот за собирање радио-јод во штитната
жлезда ќе го утврди количеството што таа може да го апсорбира во одреден
временски период. Засилената апсорпција на јод може да укажува на хипертиреоза,
намалените вредности укажуваат на хипотиреоза. Анализите на крвта, исто така,
може да укажат на неправилност во работата на штитната жлезда.ПричинителиНа
штитната жлезда, сместена во долниот дел на вратот, и треба јод за да ги
произведе потребните количества на исклучително важниот хормон. Ако со храната
не внесувате доволно количество јод, жлездата почнува да расте за да ја исполни
својата функција. Зголемената жлезда која ја нарекуваме гуша може да биде
непријатна или претерано активна, па во тој случај мора да се отстрани со
хируршки зафат.
Алтернативни начини на лекување
Со алтернативните начини на лекување на гушавоста се поттикнува производството на тироксин и враќањето на изгубената хемиска рамнотежа на организмот.
No comments:
Post a Comment